Креативна реклама на Икеа: 100 слатки мачиња во потрага по место за одмор
Познатата шведска фирма за мебел и за разни предмети во домаќинството „Икеа“, направила интересен експеримент, пуштајќи 100 слатки мачиња низ една од нивните големи продавници во Велика Британија, секако после работното време.Идејата им била да видат каде мачињата ќе се движат и каде на крајот ќе решат да се протегнат во нивни стил. Оваа идеја е неслучаен избор на маркетинг агенцијата која се грижи за промоција на брендот, бидејќи е во согласност со нивниот слоган „Среќни внатре“… а зар некој знае да го бара сопствениот комфор подобро од мачињата?
Многу храбар потег од страна на фирмата, со оглед на тоа што овие 100 мачиња не се ТВ ѕвезди тренирани за снимање и тие во секој момент можеле да направат беља врз прекрасниот мебел. За среќа, снимањето поминало без никакви проблеми, а колку сладок производ е добиен од овој експеримент, можете да видите од видеото подолу.
odlicno mesto za zirkanje