Креативна и адреналинска идеја: Свадбена церемонија на мрежа, 120 метри над Големиот Кањон
Ако сте креативни и не се плашите од висина, додека истовремено размислувате за локацијата на вашата свадба (која не сакате да биде во еден од стандардните свадбени ресторани во Македонија) тогаш имаме одлична идеја за вас! Овој пар од Калифорнија ги помести границите за модерните свадбени церемонии со адреналинска и креативна идеја. Иако Големиот Кањон е далеку оттука, сепак Македонија е богата со природа и неверојатни локации, како Матка или Маврово, па којзнае… можеби ќе ви успее некој ваков потфат, па во иднина ќе пишуваме и за вашата свадба.
Што се однесува до Ким Веглин и Рајан Џенкс, тие ги воодушевија своите гости, а и целиот свет, со неверојатната церемонија што се извела на височина од 120 метри над кањонот во Моаб, Јута. Мрежата на која стојат била создадена и закачена од страна на нивниот кум, кој професионално се занимава со екстремни спортови, па поради тоа и ги познава сите безбедносни мерки за вакви видови зафати. За големиот ден, сепак, младенците уредиле и декорирале дел и на цврсто тло за гостите, бидејќи некои свадбени традиции сепак вредат да се задржат.
Ким и Рајан отсекогаш живееле на „работ“ – тие се огромни зависници од адреналин, па затоа и сакале да го започнат остатокот од својот заеднички живот на истиот начин. Па, додека тие се гушкале на мрежата, нивните роднини и пријатели славеле од безбедноста на цврстата земја. Исто така имало и настап на акробати, што траел во текот на целата церемонија.
Па, што мислите вие за оваа идеја? Дали сте доволно храбри и модерни за нешто олку екстремно?
Прочитајте и за овие нови адети што ќе ви помогнат да организирате невообичаена свадба!