Креативен татко прави луди фотоманипулации со своите ќерки

Креативен татко прави луди фотоманипулации со своите ќерки

Џон Вилелм е 44-годишен IT директор на универзитет во Швајцарија кој има огромна страст за фотографирање и дигитална уметност. Дел од неговите најдобро изработени фотоманипулации ги вклучуваат неговата девојка Џудит и трите ќерки, 5-годишната Лу, 2-годишната Мила и 6-месечната Јуна. Фотографиите на Џон се надреални и еклектички. „Изгледа гледав премногу телевизија и играв премногу видео игри кога бев дете“ – објаснува тој за својата инспирација.

Креативен татко прави луди фото-манипулации со своите ќерки

И покрај тоа што овие фотографии изгледаат навистина забавно, сите ние знаеме дека фотографската работа со деца понекогаш може да биде тешка.

„Претпоставувам дека ако имате здрава емоционална врска со вашите деца тие ќе можат да почувствуваат кога нешто ви е навистина важно и ќе соработуваат (и ако не се случува тоа, секогаш постојат благи и бонбони)“ – вели Џон. „Повеќето од моите фотографии се многу манипулирани, но не сите се композиции. Доколку една фотографија ми се допаѓа уште од почетокот, јас само ја подобрувам. Но, она што навистина сакам да го правам е да спојувам различни фотографии заедно и да создавам нешто сосема ново.“

Креативен татко прави луди фото-манипулации со своите ќерки



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар