Креативен фотограф им овозможува магичен Божиќ на болни дечиња
Проектот „Новогодишна желба“ е различен од сите што досега сте ги виделе. Зошто? Бидејќи ги транспортира болните дечиња од нивните болнички кревети во магични зимски чудесни земји со Дедо Мраз. Карен Алсоп е фотографот зад оваа брилијантна идеја и мора да признаеме дека секоја болница треба да има ваков божиќен проект за дечињата што се премногу болни за да станат од својот кревет.
„Отсекогаш сум сочувствувала со децата што не се во состојба да ја напуштат болничката соба за време на оваа сезона“, објаснува таа. „Сакав да им дадам подарок што ќе им ја врати надежта и да ги ослободам, барем во креативна смисла, од нивните сандаци во болницата и реалноста на нивната ситуација. Мојата главна цел е да ја вратам нивната верба во иднината што знам дека ги очекува.“