Креации од камења кои ги рушат законите на физиката и си поигруваат со нашата перцепција

Креации од камења кои ги рушат законите на физиката и си поигруваат со нашата перцепција

Камењата ги доживуваме како ладни, тврди и непопустливи материјали, но креативноста на артистот Хиротоши Ито ни ги претставува во една друга форма – како необични, топли, по малку збунувачки и хумористични креации во кои ќе треба да погледнете два пати за да ги сфатите сосема.

1-kreacii-od-kamenja-koi-gi-rushat-zakonite-na-fizikata-i-si-poigruvaat-so-nashata-percepcija-kafepauza.mk

Тој својата работа ја започнува покрај речното корито во неговата населба, каде што собира мали камења. Потоа, најголем дел од неговата работа се состои во оптимизирање на природната форма на камењата, давајќи им ја нивната препознатлива груба површина, а дури потоа им дава живот, претворајќи ги во забавни скулптурни креации. Тоа го прави додавајќи им, на пример, нож со кој создава илузија дека ги засекува, патенти под кои се сместени широко насмеани вилици, па дури и отворач на конзерва од сардини, кој одвртувајќи се, открива полно мали златни камчиња.



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар