Колоритно спокојство во магловита шума
Џои Сент Клер е фотографката од Охајо, која прави фантастични фотографии од природата, прикажувајќи ја од една поинаква, шармантна димензија. Нејзиното портфолио содржи волшебни фотографии кои ја претставуваат шумската убавина низ цвеќиња, лисја и крошни од дрвја во интензивни бои. Инспирирана од избледените фотографии од 20-те и 30-те години на минатиот век, Џои нејзините слики ги изработува на специфичен начин, давајќи им сепија финиш со издвојување на една боја, која е воочливо потенцирана. Нејзината работа изобилува со едно спокојство, кое го пречекорува невидливиот ѕид помеѓу фотографијата и набљудувачот..
„Јас навистина чувствувам спокојство во мојата душа кога сум во природа, особено кога сум во шума. Кога бев малечка, ги поминував летата во фармата на дедо ми, кој беше „поврзан“ со природата. Честопати талкавме низ шумите, а потоа тој ќе ме седнеше покрај него и заедно му се восхитувавме на животот околу нас. Од него научив како да се чувствувам како да сум составен дел од моето опкружување и поради тоа помеѓу природата отсекогаш сум се чувствувала исто како дома. Додека сум таму се чувствувам ведро и спокојно и сакам да имам еден многу мал дел од нешто толку големо и прекрасно.“
.
„Имам среќа што врз мене многу влијаат моите роднини, кои имаат голема страст за природниот свет и градинарството. Тие влеaја страст и во мене, која се рефлектира преку мојата работа. Кога сум во природа или во градина, се чувствувам како да станувам составен дел од „сликата“. Потоа, кога ги обработувам фотографиите, во нив го вметнувам чувството кое тлеело во мене во моментот додека сум била таму.“
.
„Многу нешта ме инспирираат. Ако си дозволите себеси да го отворите вашето срце, ум и очи, ќе забележите дека инспирација има насекаде околу вас. Прекрасната утринска светлина, сенките, грмежливиот и особено магловитиот ден. Инспирирана сум од уметноста од 20-тите и 30-тите години од 20 век. Боите кои се користеле во фотографиите во тоа време се многу убави. Старомодните камери, машини за чукање и сите фантастични стари и ретро работи ме инспирираат.“
Погледнете ги нејзините фотографии и фантазирајте како чекорите низ магичните шуми и дозволете ù на маглата да ве води низ патот. 🙂
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.