Колоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеа

Колоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеа

Британскиот артист Брус Манро е фасциниран од светлосни дизајни и инсталации. Оваа необична страст е очигледна во голем број од неговите надворешни масивни дела. Тој во својата работа употребува светлина за да создаде енергетско поле од среќа која сјае. Во биографијата на артистот можете да прочитате:

„Манро има цел да ја сподели позитивната енергија; ништо поинтелектуално од тоа. Неговата најголема цел и задоволство е да ги натера посетителите да го почувствуваат топлиот сјај на насмевката.“

Колоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеа

Овие колоритни „водни цвеќиња“ кои тој ги составил од 65.000 рециклирани цедеа се наоѓаат во Градините Лонвуд, Кенет Сквер, Пенсилванија. Тие плутаат во текот на денот во Големото Езеро од каде што рефлектираат зраци во сите бои од виножитото од сончевата светлина. Манро вели:

„Убавината на Градините Лонгвуд ме инспирира на многу начини. Да се создаде нешто кое истовремено се поврзува со пејсажот и ја зголемува неговата природна убавина е возбудлив артистички предизвик.“

Колоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеаКолоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеаКолоритни водни цвеќиња направени од 65.000 рециклирани цедеа


Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар