Колоритни ѕвездени патеки
На прв поглед, овие спектакуларни, колоритни небесни кругови може да изгледаат како да се резултат на добра компјутерска графика или расипан фотоапарат. Но, тие се всушност добиени како резултат на макотрпно ноќно фотографирање на небото, од страна на австралискиот фотограф Линколн Харисон.За да ги направи овие воодушевувачки фотографии со ѕвездени патеки низ австралиското небо, на Харисон му биле потребни околу 15 часа. Тие се направени со долга експозиција, над театралното езеро Епалок, во близина на Бендиго во Викторија, Австралија..
„Тоа беше една напорна и многу ладна вечер. Фотографирањето траеше 15 часа, од зајдисонце до изгрејсонце.“
Употребувајќи леќа со долга експозиција, тој ги креирал овие ѕвездени патеки благодарение на ротирањето на Земјата, создавајќи впечаток како ѕвездите кружно да се движат на небото.36-годишниот г. Харисон, го купил неговиот прв фотоапарат минатата година, за да направи фотографии, кои ќе ги преслика на облека и предмети, кои сакал да ја продаде на eBay.
.
„Мојата омилена фотографија е онаа со ѕвездената патека на жолто-виолетова позадина, која ја нарекувам „Пожар во зората“. За да ја направам оваа фотографија, ја оставив џебната светилка во торбата од другиот фотоапарат, бидејќи морав да се симнам по една стрмна карпа во темнината. Во секој случај, маката се исплатеше. Тоа е мојата лична омилена фотографија.“
.
„Првиот фотоапарат го купив во октомври 2010 година, а изборот ми беше Никон D3100. Не планирав фотографирањето да ми стане хоби, но една седмица подоцна веќе имав 8 различни леќи и друга добра додатна опрема. Оттогаш па навака, правам фотографии најмалку два-три пати неделно, во главно пејзажи и ѕвездени патеки, кога временските услови го дозволуваат тоа.“
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.