Колекција од најневеројатните фотографии направени со долга експозиција кои некогаш сте ги виделе

Колекција од најневеројатните фотографии направени со долга експозиција кои некогаш сте ги виделе

Фотографиите со долга експозиција се добиваат со долга отвореност на блендата. Toa е времето кое на вашиот фотоапарат му е потребно да се отвори додека се снима фотографија. Во тоа време додека е отворена блендата, светлината го удира филмот или сензорот и колку повеќе време поминува отворена, толку подраматично влијание ќе има врз вашите фотографии.

Колекција од најневеројатните фотографии направени со долга експозиција кои некогаш сте ги виделе

Да замислиме дека сакате да направите фотографија од водопад. Отвореноста на блендата во времетраење од 1 секунда ќе има многу поразличен ефект од онаа која е 1/800 од секундата. Во првата ситуација ќе добиете фотографија на која водата ќе изгледа како полека да се движи, правејќи ја матна, додека пак, во втората ситуација фотографијата ќе изгледа како да замрзнала еден момент од времето, правејќи ја неверојатно детална. Токму тоа била идејата и на голем број артисти кои експериментирале со различно време на отвореност на блендата, што резултирало со фотографии кои се магични и исклучителни. Погледнете ја оваа разновидна галерија која ќе ви ја разгори имагинацијата и ќе ве инспирира и вие да почнете да правите ваков вид фотографии…



Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар