Колажи кои претставуваат микс од стилови, материјали и бои
Кога ќе се спомнат колажи, на поголемиот дел од нас веројатно прво ни текнува на оние самолепливи хартии од забавиште и на чудните форми што на крај ги добивавме, да не зборуваме за комбинацијата од бои. Но, колажите на Аријан Бехзади дефинитивно ќе ве натераат да размислувате поинаку за овој тип уметност. Тој користи прекрасен микс од стилови и материјали како весници и фотографии, форми и типографија, а во поголемиот дел од колажите – и суптилни, нежни бои кои несвесно ќе ве привлечат.
Пред да работи како дизајнер за Adobe, Аријан студирал биолошки науки, а помеѓу часовите работел на неговите колажи кои денес се дефинитивно нешто повеќе од хоби.
„Секогаш сум наоѓал некоја паралела помеѓу уметноста и науката, па голем дел од моите студии и она што го научив го најде својот пат и до моите дела“.
Аријан вели дека суштината на неговата работа е спојување на делови коишто на прв поглед не се воопшто меѓусебно поврзани и на тој начин да покаже нешто сосема ново за нив. Погледнете го изборот од колажи и лесно ќе забележите дека успеал да го долови тоа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.