Кога сонцето и маглата ви посакуваат добро утро…
Богуслав Стремпел е фотограф од Полска кој својата инспирација ја црпи од природните убавини на својата земја и на Чешката Република. До сега направил многу фотографии, но особено добар впечаток оставаат овие во кои ги фатил срамежливите сончеви зраци како продираат низ маглата. Се среќавал со природата во раните утрински часови, а таа му посакувала добро утро со овие прекрасни кадри. Сликајќи додека сонцето полека се издига над хоризонтот, Богуслав извонредно ја нагласил мистичноста со која изобилуваат планините и долините.
Уживајте во галеријата од неговите дела.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.