Кога се цени традицијата: 15 години реконструкција на едно напуштено средновековно село во Тоскана
Тоскана е еден од најатрактивните и најживописните региони во Италија. Богата историја, културно наследство, традиција, убава природа, свежа и вкусна храна, рачно изработени уметнички дела се само неколку од работите што Тоскана може да ги понуди на своите посетители. Многу туристи бараат престој во вили украсени во автентичен италијански стил. Таков е и хотелот Монтеверди кој е сместен на врвот на ридот во средновековното село Кастиљиончело дел Триноро. Реконструкцијата на ова село траела 15 години, но според фотографиите во продолжение можете да видите дека тоа навистина вредело.
Хотелот, како и куќите во ова село се обновени со камења собрани од таму како и дрво и метал. Локалните занаетчии помогнале со реконструкцијата со што користеле антички техники за обработка на камен. Исто така направена е и висечка градина од рузмарин и лаванда.
Погледнете ги и овие висечки шатори се вистински хит, а можете да ги поставите секаде.