Кога познатите би го немале својот гламурозен изглед…
Познатите личности од шоу бизнисот и моделите, оддалеку изгледаат како животот да им е перфектен. Имаат изградена кариера, многу пари и одлично обликувани тела. Но, што ако сиот нивен гламур и сјај исчезне, нивната кожа не блеска, нивната коса не е бујна и раскошна и нивното тело нема совршен облик? Сте помислиле ли како вашите идоли би изгледале кога би биле обични луѓе, кои немаат толку време и пари за да се грижат за својот изглед?Доколку вие не можете да ги замислите, за тоа се погрижил експертот за Фотошоп Дени Еванс кој направил фото-серија со обработки т.н „Celebrity Make Unders“, која е дел од неговиот проект „Planet Hiltron“. Со своите обработки тој нè внесува во еден бизарен свет во кој го гледаме грдото алтер-его на најубавите личности од ТВ екраните како Анџелина Џоли, Бред Пит, Скарлет Јохансон, Џони Деп, Бијонсе, Ријана, Бекам… Њујоршкиот фотограф со своите фото-манипулации се обидува да ни покаже дека познатите личности се само луѓе, исто како сите ние.
Можете да ги препознаете кој е кој? Доколку не се снаоѓате погледнете на неговата фан страница, каде има и други ултрасмешни манипулирани фотографии од познатите личности.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
hahaha kim i kanye hahahahhahah