Претходно
Кога музиката би можела да се види на фотографии
Германскиот артист Маркус Реугелс се занимава со high-speed фотографија. Тој со помош на ритамот од техно песни, ги фотографира овие неверојатни и кратки моменти од експлозивни бои. Реугелс тврди дека неговите дела воопшто не се обработувани во Фотошоп и дека боите и формите кои ги добива се сосема природни.
За неговите дела тој применува неколку едноставни чекори:
- Прави мешавина од боја и вода и ја сместува на средината од балон кој е оптегнат преку звучник.
- Го одделува основниот ритам од техно песните и го мести звучникот хоризонтално, насочен нагоре.
- Поставува микрофон кој е поврзан со неговиот фотоапарат со блиц, кој прави фотографии во истиот момент кога ќе забележи звук.
- Прави голем број фотографии и експериментира со различни звуци и бои.
- Неговиот финален резултат се наредниве фасцинантни фотографии…
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.