Кога чиниите се гости на вечера
Кога наместо луѓето, чиниите се гости на вечерата, тие мора да бидат убаво дотерани и да се однесуваат по бонтон. Австралискиот уметник Соња Ренч со помош на фотографот Скот Њует ја создалa серијата фотографии наречена „Кодекс за однесување на вечера“ во која главни ѕвезди се чиниите и останатиот прибор за јадење.Соња го употребила приборот за јадење комбинирајќи го така за да претставува одреден начин на облекување за свечена пригода. Во фото-серијата на Соња, виљушките и ножевите стануваат вратоврски, шолјите за кафе се шешири, а салфетките – кошули и машни.
Материјалите употребени во „Кодекс за однесување на вечера“ се токму онакви какви што изгледаат. Чиниите, виљушките, лажиците и салфетките се мои, на моите родители и на моите великодушни пријатели – вели таа.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.