Клупа „обесена“ на балони
Клупа што виси на балони… Радост за секое дете. Овој креативен дизајн е производ на основачот на дизајнерското студио h220430, Сатоши Итасака. Тој е јапонски дизајнер кој за оваа работа бил инспириран од францускиот филм Le Ballon Rouge.Време е да ви ја откриеме мистеријата. Клупата секако не ја држат црвени надувани балони. Тие се всушност прицврстени за таванот и на тој начин создаваат илузија како клупата да лебди во воздухот.Згора на сè, балоните се и лустери, па во темница, ова парче мебел изгледа волшебно.Оваа клупа одлично би се вклопила во вистинската летечка куќа како во филмот „Up“.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.