Ќе ве воодушеви: Прекрасно декориран стан во есенски стил од само 45 метри квадратни

Ќе ве воодушеви: Прекрасно декориран стан во есенски стил од само 45 метри квадратни

Деновите стануваат пократки, температурите наложуваат да ги извадиме алиштата со долги ракави, а во вечерните часови веќе се покриваме со подебели прекривки. Со доаѓањето на есента сите повеќе обожаваме да седиме и да уживаме во топлината на својот дом.

За да создадете соодветен амбиент за уживање во овој период од годината, можете да направите некои мали промени со кои на домот ќе му дадете есенски изглед и чувство.

Погледнете како тоа го направила Ангела Џована во Минхен. Во само 45 метри квадратни таа направила вистинска есенска оаза во која преовладуваат кремасти и кафеави нијанси, а внимателно избраните детали му даваат топлина на станот. Лустерот и плетените корпи, перничките во крем и беж нијанси, многуте дрвени детали и декорираните ѕидови во сива и црна боја се само некои од причините поради кои од овој стан не би излегле сѐ додека не дојде пролетта. Се разбира, освен за да поседиме на балконот, кој е подеднакво волшебен како и остатокот од станот.

Уживајте во фотографиите од оваа мала мирна есенска оаза.

Нема да ви се верува дека овој стан е со големина од само 22 метри квадратни!


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Читај на раат!

Поврзани содржини

Остави коментар