Ќе останете без зборови: Шминкерка користи вистински инсекти во нејзината мејкап рутина!
Иако поголемиот дел од инсектите потекнуваат од нејзината градина, Џасмин понекогаш ги набавува и од PetSmart и Etsy shop, а понекогаш ѝ помагаат и нејзините пријатели. Сите инсекти биле веќе мртви кога биле најдени, така што ниту едно суштество не било повредено во процесот на изработка.
Се согласуваме дека нанесувањето огромна бубачка на окото воопшто не делува примамливо, но крајните резултати се секогаш неверојатни. За да заврши еден изглед, на шминкерката ѝ требаат 45 минути или 1 час. Очигледно е дека Џасмин навистина дава сѐ од себе за оваа необична уметност.
Напорната работа секогаш се исплати, бидејќи сите луѓе кои ги погледнале фотографиите на Џасмин веднаш останале без зборови.
„Повеќето луѓе навистина уживаат во фотографиите што ги објавувам, дури и тогаш кога се работи за бубачка што не можат да ја поднесат. Не знаев што да очекувам. Целта ми беше да направам нешто различно, убаво и едукативно“, открила Џасмин.
Секоја нејзина објава е надополнета со забавен факт за морничавите инсекти што ги искористила при шминкањето, така што уметницата навистина успева да ги оствари нејзините едукативни цели.
Без разлика дали уживате во нејзините креации или не можете ни да ги погледнете, мора да признаете дека станува збор за нешто необично и неверојатно. На овој начин, Џасмин несомнено успева да ја истакне убавината и на најужасните инсекти од кои ни полазуваат морници.
„Многу истражував за бубачките што ги користев и почнав навистина да го ценам светот на малите застрашувачки инсекти. Оваа серија засекогаш ја промени мојата перспектива и почнав да ги сакам бубачките. Но, сѐ уште морам да поработам на љубовта кон пајаците. Тие се ужасно страшни!“, признала Џасмин.
Ако успеете да преминете преку нивните чудни нозе, лигави телца и здодевни звуци, можеби оваа извонредна уметност ќе го промени вашето мислење за малите суштества кои го исполнуваат нашето секојдневие.
Погледнете ја и следнава неверојатна шминка која зборува сама за себе.