Кинезите изградиле водопад од 100 метри на облакодер
Луѓето патуваат надолго и нашироко за да ги видат најневеројатните дела на природата – водопадите. Вработените од компанијата Guizhou Ludiya го сфатиле ова и решиле да изградат водопад на страната на облакодер. Тие го направиле највисокиот „вештачки“ водопад.
Водопадот изгледа неверојатно, особено виножитото кое се појавува пред зградата кога надвор има сонце.
Но, водопадот сместен во Гијанг во провинцијата Гижоу, југоисточна Кина има потреба од 4 огромни пумпи кои ја качуваат рециклираната вода на височина од 106 метри пред таа повторно да падне на земјата. Водопадот претставувал вистински инженерски предизвик и поради високата сметка за струја (околу 90 евра на час) се употребува само во специјални прилики.
„Лично мислам дека изгледа добро. Сметам дека е повеќе за туристите во провинцијата Гижоу. Бидејќи најпознатиот водопад во Кина се наоѓа овде, ова е како мал додаток на таа атракција“, изјавил еден од локалните жители.
Многу луѓе реагирале негативно кога сфатиле колкави се трошоците за водопадот.
Продолжува на следната страница…