Капсула за живеење од 20.000 евра што може да замени цел апартман

Капсула за живеење од 20.000 евра што може да замени цел апартман

Поранешниот инженер на Ролс Ројс, Јаг Вирдие, верува дека го нашол решението за еден од најголемите проблеми во Велика Британија – ужасната состојба на достапноста на домови. Во оваа криза не спаѓаат само бездомниците, постојат и други проблеми насочени кон демографијата на населението.

Капсула за живеење од 20.000 евра што може да замени цел апартман

Луѓето со пониски приходи не можат да си дозволат куќи, а луѓето со малку повисоки плати не можат да си дозволат да плаќаат секој месец. Младите, кои формираат навистина уникатна група, се подготвени за живот, но ги немаат потребните ресурси за да го започнат животот што се очекува да го водат.

Јаг го дизајнирал неговиот изум Conker најмногу за последната група.

Секој има слушнато за капсулите за живеење – мали квадратни простори во кои луѓето се обидуваат да водат нормален живот. Но, Вирдие ветува дека неговиот проект е сосема различен. Дури го цитирал и сер Хенри Ројс:

„Земете го најдоброто нешто што постои и направете го подобро. Ако не постои, дизајнирате го.“

Капсула за живеење од 20.000 евра што може да замени цел апартман

Оваа капсула има форма на топка, со дијаметар од 3,9 метри и подна површина од 10 метри квадратни. Направена е од материјали произведени во Британија, па нема потреба од увоз. Со ова цената дополнително се намалува. Исто така капсулата е отпорна на секакви временски услови и има ефикасен систем за задржување на топлината.

Она што е можеби најдобро е тоа што за нејзино инсталирање е потребен само еден ден.

„Нашата мисија е да го промениме начинот на којшто се дизајнираат зградите со менување на нормите и менување на начинот на конструкција.“

Капсула за живеење од 20.000 евра што може да замени цел апартман

Капсулите можат да се поврзуваат едни со други за да се додаде бања, кујна и слично. Ова е одлично решение за младите луѓе кои не ја добиваат потребната приватност.

Вирдие го смислил дизајнот кога требало да направи куќа за на дрво во форма на сфера за неговите деца. Користејќи го неговото искуство од автомобилската индустрија, тој можеби го решил проблемот за вдомување на младите генерации.

Цената на капсулата е околу 20.000 евра што е екстремно ниска кога ќе се земе предвид киријата што треба да ја плаќа семејство од средната класа во Британија. Купувањето е процедура од 3 чекори. Сè што треба да направите е да се регистрирате, да ја внесете вашата локација и да ја дизајнирате вашата капсула.

Капсула за живеење од 20.000 евра што може да замени цел апартман

Друга интересна примена на капсулите би била да се користат за вдомување на бездомниците чиј број постојано расте. Исто така ова би бил одличен подарок за вашето дете кое само што завршило факултет. Што мислите, дали би сакале да живеете во ваква капсула?

Погледнете ги и овие неверојатни самоодржливи пирамиди за живеење.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Студент кој секојдневно се губи низ страниците на некоја книга. Пишувањето и јогата го прават нејзиниот ден целосен.

Поврзани содржини

Остави коментар