Канцеларија лоцирана во фантастичен шумски предел
Би сакале ли вашите работни задачи да ги извршувате во длабочините на шумската колоритна убавина, надополнета со разнообразните птичји песни?Оваа необична канцеларија, која има облик на долга стаклена туба е изградена од страна на шпанската архитектонска фирма Сеглас Кано, за потребите на нивната фирма. Креативните архитекти, решиле нејзината локација да биде во прекрасен шумски дол во Мадрид. Тубата е делумно зариена под земја, што од своја страна ја овозможува изолацијата на објектот. Таа има голем прозорец од едната страна, кој продолжува накај покривот. Вградениот под додатно создава чувство како да се наоѓате на сред шума. Капаците кои се прикачени на стаклениот покрив се дигаат нагоре (слика 4 и 8).Според резултатите од едно американско истражување за влијанието на внатрешниот дизајн врз нашата продуктивност, креативност и расположение, ниските тавани го потпомагаат деталното, фокусирано работење, додека високите тавани го одвлекуваат вниманието. Истражувањето покажало и дека канцелариите кои имаат поглед кон природа, ја поттикнуваат креативноста, концентрацијата и меморијата кај вработените.Овој објект ги нуди сите овие предности: поглед кон фантастична природа низ огромно транспарентно акрилно стакло дебело 20 мм и низок таван. Непроѕирниот дел од објектот кој е насочен кој јужната страна е направен од 110 мм дебело фибер-стакло и конструкција од полиестер, кои прават сенка, притоа штитејќи од директната сончева светлина, која удира во објектот. Прекрасни услови за работа имаат овие архитекти нели?
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Prekrasno!
Јас би работела тука, ОДМА! 🙂