Претходно
Канцелариите на Ред Бул во Лондон
Датум: 05 мар 2012
Автор: Петар Тодоровски
Ред Бул им дал крилја на дизајнерите на „Џамп Студиос“, а овие возвратиле со прекрасни модерни работни простории. Просториите од XIX век се реновирани и претворени во едни од најубавите канцеларии во светот воопшто. Црпејќи инспирација од екстремните спортови поддржувани од Ред Бул, дизајнерите ги исполниле трите ката со лебдечки скали, комфорни кафетерии и барови, маса за состаноци дизајнирана според пинг-понг маса, голема лизгалица и многу други нешта соодветни на хиперактивноста и адреналинот по кои е позната компанијата.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
интересно е ама е претерано минималистички. не би сакала да работам тука