Кампања за заштита на природата прикажана низ низа моќни фотографии
Загадувањето и уништувањето на природата е проблем кој се влошува со секој поминат ден. Но, за среќа, на светот сè уште постојат луѓе кои се подготвени да се борат за природата, да ја чуваат и неуморно да се обидуваат да ја подигнат свеста на народот за тажната реалност на која сите ние се изложуваме.
Кампањата со наслов „Уништување на природата е уништување на животот“ е обид на германскиот артист Робин Вуд да ги натера луѓето да ги отворат очите и да видат што се случува наоколу. Низата неверојатни фотографии се мал, но моќен приказ на природните катастрофи кои се предизвикани од луѓето, но истовремено се и повик за помош од самата природа.