Камион претворен во подвижно живеалиште за уживање во слободата
На Џозеф Тајар му дошло преку глава од градскиот живот. Така дошол на идеја да земе камион и да го претвори во подвижно живеалиште со кое ќе може да ужива во слободата која ја овозможува патувачкиот дом. Тој размислувал, планирал и градел со години пред да го претвори во реалност овој необичен дом. Благодарение на тоа, сега може да ужива покрај плажата, во пустина, па дури и во град, доколку добие желба за тоа. Бонус е што не плаќа даноци и давачки за струја.
Мобилниот дом на Џозеф има сè: дел за спиење, дел за работа, гостински простор, кујна, трпезарија и тоалет. За неговата 11-годишна ќерка има посебна соба во задниот дел на камионот. На кровот им голем резервоар и соларни панели.
Џозеф работи на компјутер, па неговата работа не е врзана за едно географско место.
Следниот предизвик за Џозеф е да изгради цело село каде што заедно со други луѓе кои живеат на овој начин ќе одгледуваат земјоделски култури и ќе ги споделуваат заедничките вредности за животот.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.