Како се гледате самите себеси, а како ве гледа вашето куче?
Сите претпоставуваме што мислат мачките за нас. Знаеме дека нѐ мразат и дека сакаат да ја уништат човечката раса. Но, откако прво ќе ги нахраниме. А што е со кучињата? Дали некогаш сте се запрашале како кучињата гледаат на нас? Илустраторот Кели Ејнџел размислувала за тоа и нацртала неколку интересни илустрации.
Ние најчесто мислиме дека нашата врска со кучињата е едноставна. Ние сме нивните сопственици, тие се само миленици. И лесно забораваме дека гледано од кучешка перспектива, ние за нив претставуваме многу повеќе од тоа. Мислите дека сте просечна личност? Вашето куче не мисли така. Кога готвите, правите тотален хаос во кујната? Вашето куче мисли дека вие сте најдобриот готвач во светот. Се чувствувате бескорисно? За вашето куче вие сте највредното нешто на светот. Затоа, следниот пат кога ќе се чувствувате несреќно, само запрашајте се што мисли вашето куче за вас? Веднаш ќе се почувствувате подобро.