Како ќе изгледа ѕвезденото небо доколку нема градска светлина?
Оние кои живеат во големите метрополи, знаат дека чистото небо е права реткост. Но, фотографот Тиери Коен, ни дава шанса да погледнеме како некои од најголемите градови би изгледале кога би биле сосема темни со чисти неба. За да ја креира оваа фотосерија т.н. „Затемнетите градови“ (Darkened Cities), Тиери прво го фотографирал небото на места каде што нема загадување на воздухот и ѕвездите јасно се гледаат, а потоа ги фотографирал градовите на дневна светлина, кога светилките не се запалени. Спојувањето на ваквите фотографии во една целина, го дава крајниот резултат, малку мистериозни, но сепак многу романтични фотографии.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.