Како изгледал животот во различни држави пред 20 години?
Питер Мензел е познат американски фоторепортер кој патува ширум светот со цел да ја фотографира човековата социјална, економска и културна разлика. Тој во 90-тите години започнал огромен проект, познат како „Материјален свет: Глобален семеен портрет“. За својата идеја, посетил 30 различни држави и одбрал по едно семејство, кое според статистичките податоци ја исполнува сликата за просечно (во однос на изглед, приход и простор за живеење). Потоа, тој ги фотографирал надвор од својот дом, заедно со сè што поседуваат.
Гледајќи ги овие фотографии едноставно нема да можете да не се запрашате од каде доаѓа нашата страст да насобираме толку многу материјални нешта. Или пак, зошто луѓето гледаат на нивниот успех и богатство толку различно? Можеби 20 години ви изгледа како премногу време, но ако добро ги анализирате овие фотографии, ќе сфатите дека нештата всушност воопшто не се сменети.