Како изгледа породувањето од страна на мајката?

Како изгледа породувањето од страна на мајката?

Лиса Робинсон-Ворд е професионална фотографка која ја сфаќа многу сериозно својата работа. Всушност, таа е толку посветена на нејзината кариера, што дури решила и да го фотографира раѓањето на нејзината ќерка Анора. Резултатите се исто толку неверојатни колку што мислите.

Лиса веќе има 9-годишен син и по низа спонтани абортуси, заедно со нејзиниот сопруг решиле да престанат да се обидуваат. Токму затоа и се изненадила кога сфатила дека е повторно бремена и решила да го документира ова мало чудо со фотографии кои самата ги направила. Таа вели дека идејата најпрво почнала како шега, но откако размислила решила сепак да се обиде.

„Бев прилично флексибилна со болката. Ако станеше неподнослива, си реков дека е во ред да се откажам, но за среќа имав навистина лесно и неверојатно искуство.“

Погледнете ги фотографиите од нејзиното породување, кои ќе ви покажат како изгледа целото ова искуство од страна на мајката.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Дипломиран психолог кој обожава да пишува. Автор на научно-фантастичната книга „На работ од времето“. Животно мото ѝ е дека не смее да помине ниту еден ден без кафе и танцување.

Поврзани содржини

Остави коментар