Како дезенот на шаховската табла стана најпопуларен тренд во дизајнот на ентериер?
Не е тајна дека откако ја погледнавме серијата „Тhe Queen’s Gambit“ станавме опседнати со шахот и сè што е поврзано со тоа. Така, дезенот на шаховска табла најпрво го преплави уличниот стил ширум светот, а потоа стигна и до полето на архитектурата и ентериерот.
На Инстаграм можевме да забележиме дека секој инфлуенсер има барем едно парче украсено со овој дезен, или во други црно-бели комбинации. Иако носи ретро атмосфера, во комбинација со минималистички простор може да изгледа многу модерно. Од теписи, килими, перници, па сè до плочки или тапети во бањата, можете да играте бесконечно со дезенот на шаховската табла. Бидете креативни и поставете го така што ќе биде во фокусот кога влегувате во собата. Исто така, избегнувајте да го комбинирате со други силни дезени, за да не предизвикате контраефект.
Ver esta publicación en Instagram
Ver esta publicación en Instagram
Ver esta publicación en Instagram
Ver esta publicación en Instagram
Ver esta publicación en Instagram
Прочитајте и како да ја украсите дневната соба со растенија?