Како да внесете свежина во домот со помош на пастелни бои?
Пастелните бои сè повеќе се користат во дизајнот на ентериерот, а оваа сезона тие се апсолутен хит. Дизајнерите едногласно ги прогласија за најголем тренд.
View this post on Instagram
Освен што внесуваат свежина во секој дом, благодарение на овие нијанси, секоја соба ќе изгледа визуелно попространа, па ако имате помал стан, сигурно ќе го обожавате овој тренд.
Ќе биде доволно да внесете неколку детали во овие бои или да бојадисате еден ѕид и за еден момент вашиот дом да добие нова нота. Покрај тоа што прават многу кога станува збор за пространоста, овие нијанси имаат и смирувачки ефект и носат позитивна енергија, така што ќе чувствувате мир и спокој додека сте во станот.
Комбинирајте зелена, сина и розова боја во иста просторија, па дури и на исто парче мебел.
Исто така, деталите во пастелно розова боја ќе му дадат свежина и мекост на домот и ќе го направат поубав.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Погледнете ги најдобрите профили на Инстаграм каде што ќе најдете инспирација за уредување на надворешниот простор.