Како да ја уредите детската соба како игротека: 12 креативни идеи за игри за време на изолацијата
На родителите и на децата не им е лесно постојано да престојуваат во иста просторија за време на карантонот. Меѓутоа, додека возрасните обично се свесни колку пари, време и напор се потребни за преуредување на ентериерот, децата не забележуваат колку вредат некои предмети, туку прво гледаат дали се погодни за игра. Поради тоа, имагинацијата е многу важна кога е неопходно да ја промените „сценографијата“ на детето затоа што му е здодевно.
Детската соба може претпладне да биде училница, аеродром за „пилотски“ мајстори во попладневните часови, а навечер сцена за „младата ѕвезда“ со помош на импровизиран микрофон на штанд и добро поставени ламби кои се насочени кон сцената.
Детската соба може да биде и истражувачки камп во џунглата или просторија на врвот на волшебниот замок. За сето ова не е потребно да имате многу реквизити.
Изберете ѕид каде што можете да го нацртате нешто. Доволно е да го преместите бирото, да покриете две столчиња со чаршафи, да ја пуштите вистинската музика и да ја смени светлината. Играјте со детето, бидете член на екипажот и подгответе чај или сок и послужете ги останатите членови на семејството. Погледенете ги сликите подолу за повеќе идеи.
Погледнете ги овие 10 креативни игри за деца од предучилишна возраст, а сè што ви треба имате дома.