Како да ги задоволите потребите на вашата мачка? Изградете ѝ куќичка во форма на змеј!
Креативниот Сем решил дека неговата мачка Дени не може да спие во обична куќичка од картон. Тој го искористил неговиот миленик како инспирација и изградил уникатна куќа за мачка, целосно направена од картон и залепена со жешко лепило.
„Обожавам да изработувам нови работи, особено од картон. Мојата мачка исто така обожава картон, а јас ја обожавам неа“, напишал Сем на неговиот веб-сајт.
Структурата на куќичката е многу покомплицирана одошто изгледа.
„Ја дизајнирав оваа кула за мачки така што некои нејзини делови се движат. На тој начин Дени може да се движи како што сака во кулата. Некои делови од подот можат да се извадат, додадов рампа, прозори на лизгање и фиоки за неговите играчки“, објаснил Сем.
Сем исто така самиот изработува играчки и приготвува храна за мачки. Доколку и вие ги обожавате мачките исто колку него, дефинитивно треба да почнете да го следите на Инстаграм.
Креативноста на Сем можеби ќе ве инспирира и вие да направите нешто необично и креативно за вашиот домашен миленик.
Погледнете го и видеото за да видите подобро како функционира идејата на Сем…