Кафуле во Њујорк – рај за љубителите на мачки
Кет Кафе (Cat Café) во Њујорк е првото кафуле во светот каде што љубителите на мачки можат да седнат за да каснат некое печиво, да се напијат кафе и истовремено да се дружат со бездомните мачки. Замислено е така што мачките слободно се движат низ целото кафуле, а гостите плаќаат одреден надомест за час по што можат да нарачаат нешто и да се галат со нив. Ако некој од гостите премногу се зближи со некоја, може и да си ја вдоми.
Кет Кафе е отворено како резултат на соработката меѓу производител на храна за мачки и прифатилиште за бездомни животни. Предвидено е наскоро да се отворат уште вакви кафулиња во САД, а потоа и во Европа и Азија.