Јапонски уметник незгодите на Том и Џери ги претвора во скулптури и резултатот е смешен
Понекогаш е оправдано да се каже дека сите сакаме да ги заборавиме моментите кога сме постапиле глупаво. Особено ако тие моменти нè прават да изгледаме како идиоти. Сепак, некои од нас нема да успеат да ги заборават, па дури и ако се обидат. Баш како Том и Џери.
Познатата американска анимирана серија ги следи неуспешните обиди на Том да го фати Џери. Том не успева да го улови Џери, најмногу заради тоа што Џери е паметен, има неверојатни способности и многу среќа. Но, и двајцата доживуваат многу непријатности за време на бркотницата. И не зборуваме само за модринките или искршените коски. На пример, Том може да си ја удри главата во тава толку силно, па од ударот таа да го добие обликот на садот. Смешно, нели?
Токму овие трагикомични моменти биле инспирација јапонскиот уметник Таку Иноуе да ја трансформира лошата среќа на Том и Џери во разиграни мали скулптури, опфаќајќи ги сите смешни ситуации во кои овие легендарни анимирани ликови се нашле.
„Том и Џери“ е создаден во 1940 година од Вилијам Хана и Џозеф Барбера. Интересно е што, кога првото анимирано кратко видео се појавило во кината, дуото составено од мачка и глушец всушност се викало Џаспер и Џинкс. Филмот го прикажува Џаспер, домашен мачор, кој ужива во закачките со глувчето по име Џинкс. Во филмот, исто така се појавува и „Mammy Two Shoes“, сопственичка на Џаспер, која го казнува мачорот поради неговата непослушност. Сосема неверојатно е тоа што и покрај тоа што филмот имал вкупно 163 анимирани кратки епизоди, првата епизода, насловена „Мачорот добива клоца“ („Puss Gets the Boot”), е најдолга и трае 9 минути и 8 секунди.
Всушност, кога Барбера ја создал идејата за анимиран серијал со мачка и глушец, никој од вработените во „Metro-Goldwyn-Mayer “ не бил воодушевен. Тие сметале дека идејата е премногу обична кога станува збор за цртаните филмови и едноставно им делувала здодевна. Откако била објавена првата епизода во кината, Хана и Барбера продолжиле да работат на други проекти. Дури по една година, првиот анимиран краток филм за Том и Џери се здобил со одредена популарност, па двајцата креатори биле вратени да работат на него.
Хана и Барбера изработиле 114 епизоди од „Том и Џери“ за „MGM“ од 1940 до 1958 година. Во текот на овој период тие освоиле 7 награди од Академијата „Оскар“ за најдобар анимиран краток филм. Студиото „MGM“ се затворило во 1957 година, но компанијата повторно ја оживеала серијата, при што Џин Деич режирал дополнителни 13 епизоди за „Rembrandt Films“. Во тој период серијалот „Том и Џери“ станал толку популарен и ги престигнал „Looney Tunes“ кои тогаш биле на врвот.
Погледнете ги останатите скулптури на следната страница…