Ја познавате ли Елизабет Џоли?
Елизабет Џоли е една од новите холивудски ѕвезди, но само во уметничките дела на Швеѓанецот Џорџ Шамоун. Тој дошол до интересна идеја, да ги претопи во еден лик филмската икона Елизабет Тејлор и денес мегапопуларната холивудската актерка, Анџелина Џоли. Историјата и сегашноста ги разграничил со тоа што делот од лицето на Тејлор е во црно-бела техника, а на Џоли во боја. Совршен анатомски спој.
Погледнете ги и останатите фотографии од Холивуд некогаш и сега во едно исто лице и откријте кој ги наследил убавината и шармот на Кери Грант, Одри Хепберн, Џејмс Дин и Мерлин Монро.
Фотографиите на Шамоун се дел од неговиот личен проект наречен „Iconatomy“. Најтешкото во процесот на реализирање на идејата му било обезбедувањето фотографии од познатите личности сликани под ист агол. Но, сепак успеал, а крајниот производ, ќе се согласите, се идеални постери за нечија тинејџерска соба. 🙂
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.