Извонреден кружен тек за велосипедисти во Холандија
„Hovenring“ е неверојатен висечки кружен тек, смислен и дизајниран од страна на компанијата IPV Delft, а наменет за велосипедистите, со цел тие безбедно да преминат над густиот сообраќај. Лоциран помеѓу Ајндховен и Велдховен во Холандија над крстосница, кружниот челичен мост, нуди алтернативна рута за велосипедистите, како и естетски задоволувачка знаменитост за локалните жители и туристите.Интригантниот изглед на структурата го надополнува средишниот столб висок 70.000 метри на кој се прикачени 24 сајли, кои ја држат кружната патека како послужавник. Нуди спектакуларна глетка на дневно светло, но и навечер кога светлата се пуштени.
Со својот уникатен и привлечен дизајн „Hovenring“ претставува успешен чекор во еволуцијата на архитектурата. Како прва од овој вид, велосипедската патека нуди иновативен пристап кон идните дизајни на патишта, кои се фокусирани на ефикасност и безбедност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.