Избегнувајте ги овие бои и направете го вашиот дом пријатно место за живеење

Избегнувајте ги овие бои и направете го вашиот дом пријатно место за живеење

За да се чувствувате пријатно и да уживате во својот дом, потрудете се да го уредите во нијанси кои одговараат на сечие око. Веб-сајтот „Zillow Digs“, што е специјализиран за уредување на ентериер, продажба и изнајмување куќи и станови, открива кои бои во домот најмногу ги одбиваат потенцијалните купувачи, односно поради кои бои цената значително опаѓа. Доколку сакате да имате попријатна атмосфера, еве што треба да ги избегнувате…

Избегнувајте ги овие бои и направете го вашиот дом пријатно место за живеење

1. Нечисто бела боја

Речиси на секоја куќа или стан во која кујната е обоена во нечисто бела боја, цената им опаѓала.

2. Боја како лушпа од јајце

Иако оваа боја, исто како и нечисто белата, ви изгледа сигурно, малите простори, како што е тесната кујна, може да изгледаат монотони.

3. Мешавина од маслинесто-зелена и кафеава боја

Комбинацијата од овие две бои се опишува како најгрда нијанса на светот, па не е ни чудно што е на листата на најмалку посакувани бои за во домот. На купувачите особено им е одбивна доколку е во спалната соба, како и во бањата.

4. Кафеаво-црвена боја

На домовите каде што дневната соба е обоена во кафеаво-црвена нијанса уште повеќе им паѓа цената, отколку онаму каде што дневната соба е обоена во најгрдата боја на светот, односно во маслинесто-зелена.

5. Одредени нијанси на сива боја

Некои нијанси на сива боја купувачите ги обожаваат, а некои пак воопшто и не ги сакаат. Темно сивите нијанси се најмалку привлечни, додека пак светло сивите се покажале како најпривлечни.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Економист во изградба, а страстен обожавател на пишаниот збор уште откако знае за себе. Смета дека животот без домашно милениче не изгледа комплетен, а кафето со многу шеќер го смета за едно најубавите утрински задоволства.

Поврзани содржини

Остави коментар