Исклучителната симетрија на подземните метро станици низ светот
Од Прага и Париз, па сè до Токио и Лондон, Ениг Хуи патувал низ целиот светот и правел неверојатни фотографии од подземниот метро систем. И покрај тоа што овој артист од Малезија најмногу работи со документирање на урбани сцени и прекрасни пејзажи, овие фотографии од метро и железнички станици се издвојуваат со драмата која настанува од екстремната симетрија и контрастот.
Без разлика дали платформите за возовите се морничаво празни или пак, преполни со патници, целата колекција на фотографии од Хуи ја доловува основата на животот во модерната џунгла од бетон како и енергијата од урбаниот живот. Со помош на неговото чувство за детали, тој успеал да го претвори метрото во исклучителна уметност.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.