Исцрпени сте од работа? Опуштете се во магичното кафуле „Полна Месечина“
По напорниот ден исполнет со обврски, луѓето во Јапонија бараат разноразни начини како да се опуштат, најчесто преку посета на мали кафулиња. Токму на такво место, идеално за опуштање и уживање укажуваат и илустрациите на јапонскиот уметник Chihiro Sahurada.
Серијата илустрации е наречена „Кафуле Полна Месечина“ и прикажува мистериозен штанд на кој се продава кафе и други пијалаци како и храна и кој може да го посетат само оние кои се исцрпени од работа.
И покрај минијатурната големина, кафулето има прилично богато мени кое е инспирирано од небеските тела, прикажувајќи ја безграничната имагинација на уметникот.
Откако ги погледнавте овие преубави илустрации, можеби ќе сакате да ги погледнете и забавните и креативни илустрации направени од зрна кафе.
Извор: designyoutrust.com