Интимни фотореалистични слики
Понекогаш е многу тешко да се направи разлика помеѓу фотографија и слика. Марта Пентер е психолог кој се занимава и со сликање. Таа живее во Бразил, а нејзините неверојатни фотореалистични слики ќе ви ги поместат границите на реалното. Нејзината серија на портрети „Shared Intimacy“ вклучува слики за кои дефинитивно ќе помислите дека се земени од нечиј приватен фотоалбум.
Таа црта со акрилни и мрсни бои на платно. Нејзините дела најчесто се во црно-бела техника, а понекогаш знае да вметне и некоја друга боја. На прашањето зошто ги прави сликите толку големи, таа одговорила:
.
„Кога пред себе имате голема слика, таа ве тера да станете дел од неа многу побрзо, отколку кога таа би била мала.“
———————————————————————————————————————————————————————
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.