Интервју: Стела ни раскажува за нејзините рачни изработки во кои сигурно ќе се вљубите! (+ПОДАРОК)
Денес ќе ви споделиме дел од креативниот свет на Стела која ужива во рачните изработки, пастелните бои, вкусниот чај и возењето велосипед.
МОЖНОСТ ЗА ПОДАРОК!
Ver esta publicación en Instagram
1. Како се роди идејата за @indigo_handmade? Кој стои зад овој профил?
Зад Индиго стои Стела (23), студент на Музичка Академија, а инаку голем љубител на пастелни бои, чај, велосипеди и боса нова музика.
Ver esta publicación en Instagram
2. Кажи ни повеќе за твојот стил на дизајнирање. Што ги прави твоите креации единствени во индустријата?
Мислам дека најреален одговор е дека не сакам да сум определена на еден стил. Исто како во музиката, некогаш сум повеќе расположена за џез и боса нова, а некогаш сум со недели заглавена на електронска музика. Се трудам секојдневно да ја барам/наоѓам убавината во работите што ги правам. Важно ми е креациите да се доследни до мене и она што мене естетски ми се допаѓа, а јас сакам мали нешта, пастелни и природни бои, планини, цвеќиња, ѕвезди, планети… И мислам дека сето ова се приметува во креациите.
Ver esta publicación en Instagram
3. Колку долго дизајнираш накит? Дали отсекогаш си била толку креативна?
Накит правам буквално од дете. Кога ќе размислам подобро, секогаш сум правела некои креативни активности поврзани со ракотворби. Почнувајќи од тоа дека кога имав 10 години бев редовен купувач во продавницата Мониста, па се до активностите по ликовно во средно школо, скулптури за натпревари на Пакомак и слично. Тоа некој начин несвесно и полека ме донесе до последниве 2 години да почнам сериозно да се занимавам со рачни изработки.
Ver esta publicación en Instagram
4.Каков материјал користиш за твоите креации?
За накитот во основа користам полимерна глина. Размислувам наскоро да пробам и некои други материјали, но ги разгледувам опциите.
Ver esta publicación en Instagram
5.Кое е твоето омилено парче што некогаш си го создала и што го прави толку специјално?
Навистина не можам да издвојам само едно. Како што реков, се трудам да ја најдам убавината во работите околу мене, па така секое парче ми е драго и специјално. Но, можам да кажам дека омилено нешто во целата работа, ми е кога ќе добијам искрен „feedback“ од задоволни купувачи, или кога за „custom-made“ нарачка ќе слушнам „Не очекував толку добро да испадне“. Сите тие ми се омилени изработки, затоа што на крајот тоа е најважно.
Ver esta publicación en Instagram
6.Каков совет би му дала на некој кој е заинтересиран да се занимава со ваков бизнис?
Ако го правиш сам, спреми се, бидејќи треба добра организација и голема посветеност. Клише е, ама живееме во ера каде што од учењето нова вештина не дели само еден клик, па опциите се бесконечни, само треба фокус и желба за работа.
Најважно е да бидеш свој, уникатен и да се трудиш да одржиш квалитет, во секој аспект на изработката.
Ver esta publicación en Instagram
7.Дали сакаш кафе и дали би создала накит инспириран од кафето?
Кафе сакам премногу. Неразделни другари сме веќе 10-тина години. Накит инспириран од кафе е одлична идеја, ќе размислам околу тоа.
Ver esta publicación en Instagram