Интересна фотелја на која може да седнат десетина луѓе
Доколку не ви е проблем да одвоите 14.000 долари за парче мебел, тогаш дефинитивно треба да размислите за фотелјата „Quartz“. Составена од фиксна рамка и перници кои можат да се извадат, оваа фотелја делува удобно и кул истовремено.Доколку ви се најават повеќе гости отколку што можете да сместите, можете да извадите неколку од перничињата, кои можат да завршат работа како табуретки за седење. Фотелјата е дело на заедничкиот напор вложен од студиото „CTRL ZAK“ и дизајнерот Давиде Барзаги.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.