Претходно
Инстаграм профилот на ова 16-годишно момче ќе ве натера да оставите сè и да тргнете на пат околу светот
Јаник Обенхоф е 16-годишно момче чии аспирации се да стане познат фотограф. Тој живее во Германија, држава што изобилува со густи шуми, магливи планински врвови и кристално чисти сини езера. Јаник обожава да поминува време под отворено небо, па затоа уште на 13-годишна возраст почнал да фотографира. Можете уште веднаш да ја забележите неговата дарба.
„Ако не излезете надвор и не истражувате, нема да забележите колку прекрасна може да биде природата“, вели тој.