Инспирирани од љубовта
Вечно интересната тема, љубовта, отсекогаш била извор на инспирација како за познати поети, писатели, музичари, така и за обичните луѓе кои секојдневно прават необични нешта во име на љубовта. Битлси пееја „Сè што ни треба е љубов“ а ние велиме – љубов и малку имагинација. Во секој од нас се крие романтична душа, а сè што ни треба понекогаш е само мал поттик за да ги изненадиме саканите со некој убав гест. Се надеваме дека следниве слики ќе ви го исполнат денот со малку повеќе романтика и љубов. Можете да ги поставите како десктоп позадини или да ги споделите со некого кој знаете дека би уживал во нив.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук.
Претходно