Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот - Part 2

Инспиративните приказни зад најпознатите уметнички слики во светот

6. „Градината на земните радости“ од Херонимус Бош

Малку е познато за животот на Бош, но сложеноста на неговата симболика, особено онаа на централниот панел, довела до широк спектар на научни толкувања. Историчарите на уметноста од дваесеттиот век биле поделени во однос на тоа дали централниот дел од триптихот е морално предупредување или претстава за изгубениот рај.

7. „Композиција Viii“ од Василиј Кандински

Кандински бил фасциниран од боите уште од рана возраст и сметал дека тие имаат трансцедентални својства. Уметникот сакал да ја истражи меѓусебната поврзаност помеѓу звукот и бојата на ист начин како што музичарот компонира песни. Употребата на кругови, решетки, правоаголници, полукругови, триаголници и други математички форми во неговите уметнички дела е во согласност со верувањето на сликарот во мистичните својства на геометриските форми, а боите биле избирани според нивното емоционално влијание врз него.

8. „Измамници во карти“ од Караваџо

Играчите на играта „примаро“ (слично на покер) ги криеле картите, виткајќи ги во форма на конус. За Караваџо оваа тема не претставува карикатура на порокот, туку тој на неа гледал на романтичен начин, при што интеракцијата на гестот и погледот ја евоцира возбудата од измамата и изгубената невиност кај луѓето.

9. „Бањата“ од Жан Леон Жером

Европските предрасуди се претставени во динамиката помеѓу двете тела во „Бањата“. Белата и гола жена – господарка и црната слугинка. Поставувањето на хиерархијата е според тенот на кожата. Историчарите на уметноста претпоставуваат дека ова дело ги рефлектира предрасудите на уметникот.

10. „Ја сакам бојата“ од Шери Самба

Во „Ја сакам бојата“, главата на уметникот е прикажана како спирала од човек наспроти светло сино небо. Тој држи четка што капе помеѓу забите. Делото е израз на тоа како Самба ја изедначува бојата со животот. „Сè е во бојата“, вели тој и спиралниот портрет пренесува порака како мора да се „откриеме“ за да ја видиме бојата во нашите животи.

Можеби сакате да прочитате и за тоа каде се наоѓаат најпознатите уметнички дела.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Смислата на животот ја бара преку уметноста и креативноста. Пишувањето е нејзино секојдневие.

Поврзани содржини

Остави коментар