Инспиративни илустрации коишто ќе ви помогнат да се фокусирате на љубовта кон себе
Артистката Алисон Рејчел била инспирирана од тагата и самотијата што ги чувствувала во поголемиот дел од животот и ги создала овие инспиративни илустрации. На илустрациите се прикажани жени и цитати за поддршка и сила.
„Поради борбата со депресијата уште откако бев тинејџерка ми требаа години да заборавам многу идеи во кои верував, повеќето од кои имаа лошо влијание на моето ментално здравје. Сè уште се обидувам да откријам како да бидам жива во овој свет, но споделувањето на моите мисли и сфаќања со другите се покажа како наградувачки процес.“
Нејзиниот Инстаграм профил има речиси половина милион следбеници, а постои само две години. Алисон сака да го продолжи растот на нејзината онлајн заедница, додека споделува вистини што многу ѝ помогнале.
Продолжува на следната страница…