Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Од каде да почнете ако во вашиот животен простор владее хаос? Препораките на дизајнерите на ентериер се дека треба да почнете од спалната соба, како простор во кој го започнувате секој нов ден и што служи за сумирање на впечатоците на крајот на секој ден. Но, спалните соби се многу често запоставени кога станува збор за убавата организација на просторот. Обично служат за фрлање еден куп работи кога ќе дојдат ненајавени гости. Сепак, нема потреба да се загрижувате затоа што овие совети за средување на вашата спална соба ќе ви помогнат таа да изгледа поубаво и да биде пријатно место за одмор.

1. Реорганизирајте ги работите во плакарот

Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Често се случува работите во плакарите да бидат распоредени без претходно да размислите за тоа што и колку често носите, создавајќи дополнителна работа за себе. Поради тоа, облеката што ја носите почесто треба да биде во предните редови. Горните полици на плакарот се резервирани за сезонската гардероба.

2. Изберете го концептот на отворен плакар

Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Ако имате многу мала спална соба, концептот на отворен плакар навистина не е лоша идеја. Отворениот плакар зазема помалку простор и можете да го приспособите на вашите потреби. Можете да поставите фиоки, полици и шипки во насоката што ви одговара, без да бидете ограничени од димензиите на плакарот.

3. Отстранете ги непотребните ситници

Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Вашата спална соба не е магацин за сè што нема свое место во вашиот дом. Во неа треба да има многу малку работи, а не да биде жариште на ситници и спомени од патувања. Иако е пожелно да се разбие монотонијата, не треба да ставате повеќе од 3 предмети на полицата.

4. Бидете умерени кога станува збор за уметноста

Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Никој не доаѓа во вашата спална соба за да ѝ се восхитува на вашата уметничка колекција. Ако сте вистински љубител на уметноста и уметничките дела се дел од вашата спална соба затоа што вие така сакате, обидете се да бидете умерени во нивниот приказ.

5. Држете се до поедноставна палета на бои

Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Спалната соба не треба да изгледа нападно, ниту да зрачи со тешка енергија. Координираната шема на бои, јасна и нежна, изгледа многу подобро од впечатливите ѕидови и од прекумерното шаренило. Во таков простор, ќе се чувствувате порелаксирано и позадоволно отколку во простор каде што преовладуваат повеќе бои.

6. Осветлете ги темните агли

Инспиративни и смирувачки идеи за дизајн на спалната соба

Убаво дизајнираните аголни ламби, како и ЛЕД-осветлувањето во плакарот, се совршен додаток во мрачната спална соба. Осветлениот простор придонесува за попривлечен изглед, а тоа ќе го постигнете со невпечатливото осветлување.

Погледнете кои се 5-те најпопуларни бои за дизајн на ентериерот ова лето.


САКАТЕ ДА ГИ ДОБИВАТЕ НАШИТЕ СОДРЖИНИ НА ИМЕЈЛ?

       

За авторот
Со пишување може да постигне многу. Никогаш не се откажува од своите соништа.

Поврзани содржини

Остави коментар