Инспиративен ентериер: 4 домови на блогерки во кои секоја жена би сакала да живее
Не пронаоѓаме инспирација само на модните писти, модните случувања или од улиците на светските метрополи. Денес одлучивме да ѕирнеме во домовите на неколку блогерки и толку се воодушевивме што веднаш посакавме да се преселиме во нивните станови и засекогаш да останеме таму.
Се водевме по Инстаграм профилите кои се вистинска база на занимливи фотографии од модата, животот, ентериерот и кои лесно можеме да ги копираме во целост или одреден дел. Особено нè интересираше асортиманот на мебелот, куќните детали, како и на кој начин девојките ги комбинирале боите и принтовите. За среќа, овие дами купуваат во доста пристапните продавници за домашен мебел и декорации. Некако, малку се заморивме од невозможните лимитирани софи, кревети и завеси!
Изборот падна на младите дами кои доста многу се потрудиле околу изгледот на своите домови. Има малку ентериери во бохо фазон, на некои еклектизмот им е во крвта, додека останатите блогерки се колнат во спојот на винтиџ и минимализам. И еве, веднаш една инспирација – вашата баба сигурно има некоја стара маса која можете да ја дотерате и да ја средите, да ја бојадисате и да добиете екстра модерно винтиџ парче мебел. Малите, но корисни детали ќе донесат големи промени, а ние имаме единствена прилика да учиме од најдобрите.
1. Викторија Дахлберг
2. Теса Бартон
3. Исабела Тордсен
4. Хана
Доколку после овие фотографии одлучивте да направите неколку промени во вашиот дом, тогаш ве советуваме да погледнете кои се водечките трендови за уредување на ентериерот во 2017-та година.