Импресивна 3Д улична уметност
3Д уличната уметност се создава со цртање, шаркање и боење на хоризонтални површини, гледани само од една перспектива.Креациите кај 3Д уличната уметност се всушност дводимензионални цртежи кои создаваат тродимензионална оптичка илузија кога се набљудуваат од одредена перспектива. Ако добро се изработат, тие можат да изгледаат многу реалистично и едноставно да ве остават без здив. Почетоците на оваа уметност датираат уште од Античко време, а за време на ренесансата била значително користена за декорирање на внатрешните ѕидови на луксузните палати.Во последните десет години заинтересираноста за 3Д уметноста е значително зголемена, не само од страна на артистите, туку и од големите компании кои во оваа уметност гледаат добар начин за рекламирање.
Бидете секогаш во тек со новите содржини на Кафе пауза. Следете нè на Твитер или пак станете фанови на нашата страница на Фејсбук