Илустрирани хартиени исечоци мудро вметнати во патувачки фотографии
Ана Стретцу е илустраторка од Романија која сака да им дава сладок ефект на нејзините илустрации. Таа дошла на идеја да направи серија патувачки фотографии во кои ќе додаде илустрации од нејзе и нејзиното момче, кои на тој начин раскажуваат слатки приказни.
Нејзината серија е итро насловена „I was cutout for this“, а целта ѝ била да ги направи фотографиите поинтересни и со тоа повредени за паметење, наместо да останат заборавени „закопани“ во некоја папка на нејзиниот лаптоп.
Навистина интересна идеја за зачувување на спомените со креативна нота.
Погледнете ги и овие слатки илустрации што прикажуваат како изгледа животот со куче.